Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Home
There are no translations available.

Од месец Септември бесплатна достава до вашиот дом или друга договорена локација во Скопје и низ другите градови во Македонија за сметка над 1.000 денари!

Со секоја сметка над 2.000 денари добивате подарок, Сет од Canaan Тестери!

 

 
There are no translations available.

Зборот SPA е акроним од латински "salus per aqua", што значи "добро здравје преку вода." Но, знаете ли дека сета таа добра вода, исто така произведува одлична кал? 

Калта е една од најздравите компоненти на SPA терапиите, кога доаѓа од вистинскиот извор и се користи соодветно. Всушност, калта е камен темелник на многу SPA терапии.

Кал од Мртвото Море
Само 16 милји источно од Ерусалим се наоѓа Мртвото Море, со својата лековита вода, соли и кал. Повеќе од 1.300 метри под нивото на морето и со 10 пати посолена вода од онаа на океанот, на Мртвото Море, е најниската точка на земјата и претставува најсолена вода од сите природни езера. Поставувањето на Мртвото Море е единствено, не само како местоположба, но исто така и атмосферата околу морето. Атмосферскиот притисок е толку висок околу Мртвото Море што штетните УВ зраци на сонцето се филтрирани. Водите се толку солени што тие не содржат апсолутно никаков живот. Мртвото Море е толку непроѕирно и има густа текстура, што секој литар вода од Мртвото Море содржи 320 грама на соли и минерали.

Според Имар Леви, американски дерматолог кој работи во Чикаго, постојат неколку корисни елементи за калта од Мртво Море: магнезиум, кој е познат по своите лековити својства и благотворно влијание врз кожата; бромид, кој лечи, релаксира и има смирувачки ефект на нервниот систем; јод, кој е важен за правилното функционирање на штитната жлезда и клучен фактор во метаболитичките размени на телото; сулфур, кој е природен за дезинфекција и голем лек за акни; и калиум, за хидрирање на кожата.

Леви тестираше маски од кал од Мртвото Море на 30 жени од различни старосни групи и различни типови на кожата. Тој открил дека маската од кал истовремено ја чисти и хидрира кожата на лицето.

"Способноста на калта да стигне длабоко во порите, темелно да ги исчисти и да ги отстрани нечистотиите, го отежнува процесот на нега, но минералите во калта се тие кои ја потхрануваат кожата и ја враќаат нејзината виталност, тоа е специфичноста на калта од Мртво Море, таа е збогатена со минерали" рече Леви. 
Во комбинација со масажа, калта од Мртвото Море на телото му помага во зголемување на лимфната дренажа, а со тоа и во ослободување на телото од токсините.

На Медицински центар на Мртво Море, пациентите од целиот свет доаѓаат за третмани и релаксација. Комбинацијата на минерализирана вода; црната кал, високо оксигенираниот воздух и филтрираните УВ зраци од сонцето се незаменлива комбинација за терапија. Меѓу кожните заболувања на клиниката, најзастапени се псоријаза, витилиго, акни, егзема и артритис.

 
There are no translations available.

Aнтичката земја која е вечен симбол на универзална надеж за спасение, истовремено, ги содржи и некои од најдобрите природни дарови кои земјата може да ги понуди. Canaan козметика, успешно ги искористи изобилието од состојки во формулирањето на ексклузивна линија на козметички производи кои и помагаат на вашата кожа да ја надомести и врати нејзината оригинална убавина.

Canaan козметика е бренд од познатата компанија Chic cosmetic Ind. Ltd. основана во 1987 година, која е една од водечките козметички компании во Израел.

Canaan козметика, е ексклузивна линија на козметички производи за нега на лице и тело, кои се на база на калта, солта и минералите од Мртво море.

* Сертификат за оригинално потекло на производите од Мртво Море од Израел

* Производите и состојките не се тестирани на животни

* ISO Сертифицирана компанија со ISO 22716:2007 и ISO 9001:2008

 
FACIAL TREATMENTS

BODY TREATMENTS

SPA PRODUCTS

Total Visitors7436